Close Menu
Press24
    Најново

    Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа

    15.11.2026 во 15:14

    Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник

    15.11.2026 во 15:12

    Сосетките ме натепаа – вознемирена скопјанка се јавила во полиција

    15.11.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа
    • Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник
    • Сосетките ме натепаа – вознемирена скопјанка се јавила во полиција
    • Се апсеше на повеќе локации во Скопје
    • Отишол пред нејзиниот стан, тропал и ѝ праќал вознемирувачки пораки – Сообраќајна расправија во Делчево прераснала во закани
    • Вработен во авто сервисот ме нападна со метален предмет – скопјанец пријавил во полиција
    • Големиот пожар во Скопје зема жртва – пронајдено машко тело
    • Драма на семејна прослава во Скопје: Две жени со тешки изгореници итно пренесени во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа

    Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа

    15.11.2026 во 15:142 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината, соопштија од МВР.

    Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

    Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

    По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник

    15.11.2026 во 15:12

    Сосетките ме натепаа – вознемирена скопјанка се јавила во полиција

    15.11.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.