Полицијата во Гевгелија синоќа во 19:40 часот го лишила од слобода 36-годишниот Ф.П. од овој град, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според наводите во полицискиот билтен, приведувањето од страна на службениците на СВР Струмица – ОВР Гевгелија следувало по пријава дека осомничениот агресивно се однесувал кон 43-годишна сограѓанка со која претходно бил во врска, при што воедно континуирано ја следел и вознемирувал.
Осомничениот е задржан во Полициската станица Гевгелија, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Од МВР најавуваат дека во текот на денешниот ден против Ф.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, по што тој ќе биде изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија.

