ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со своите заложби за модернизација и дигитализација на водоснабдителниот систем.
Во рамки на меѓународниот проект WATERVILL – Interreg Euro-MED, во соработка со Општина Битола, прифатен е предложениот пилот-проект, чија реализација се очекува во текот на 2027 година.
Проектот претставува континуитет на досегашните активности за унапредување на SCADA системот, проширување на мониторингот и воведување нови мерни и контролни точки, како и автоматизирани постројки за следење и контрола на квалитетот на водата.
Преку соработката со меѓународните партнери и универзитети се очекува размена на знаења, искуства и примена на современи европски технологии и практики.
Продолжуваме кон модерен, ефикасен и одржлив водоснабдителен систем во интерес на сите граѓани, информираат од ЈП Водовод Битола.

