Close Menu
Press24
    Најново

    Српското обвинителство му го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура

    12.11.2026 во 09:45

    Расте бројот на загинати во верижниот судир на автопатот „Тракија“: Во болница почина 50-годишен маж

    12.11.2026 во 09:40

    Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

    12.11.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Српското обвинителство му го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура
    • Расте бројот на загинати во верижниот судир на автопатот „Тракија“: Во болница почина 50-годишен маж
    • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
    • СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски
    • Дневен хороскоп: Некој го очекува нова љубов, а друг финансиски пресврт
    • Денеска ќе нема струја до 15:30 часот – најавени исклучувања на повеќе места
    • Од сабота полицијата ќе казнува по 45 евра: Не седнувајте зад волан неподготвени
    • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Српското обвинителство му го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура

    Српското обвинителство му го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура

    12.11.2026 во 09:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српското Обвинителство за организиран криминал му забрани на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, и на неколку компании поврзани со него да располагаат со нивниот имот. Мерката опфаќа недвижности, земјиште и деловен имот, меѓу кои и околу 35 хектари градежно земјиште на поранешната фабрика за трактори ИМТ во Нов Белград.

    Информацијата ја објави истражувачката мрежа „Инсајдер“, повикувајќи се на документација до која дошле нејзините новинари. Според објавените податоци, забраната се однесува и на имотот на компаниите „Алта холдинг“ и „Алта лизинг“, како и на градежно земјиште и станбен објект во сопственост на компанијата „Кампари интернешнл“, која е целосно во сопственост на Мацура.

    Под мерката е опфатен и неговиот личен имот, вклучувајќи недвижности и земјиште во белградската населба Сењак, објект со градежно земјиште во Земун Поље, семејна куќа, гаража и земјиште во Сопот, како и гаражи во Нов Белград.

    Особено внимание привлекува земјиштето на поранешниот индустриски комплекс ИМТ, каде компанијата „АБЛ Солвент“, поврзана со Мацура, во 2021 година купила дел од имотот од стечајната маса за околу 70 милиони евра. Потоа, врз основа на одредби од Законот за планирање и изградба, стекнала сопственост врз околу 35 хектари земјиште без дополнителен надомест, каде беше планирана изградба на станбен комплекс со повеќе од 1.600 станови и четири високи кули.

    Професорот на Правниот факултет во Белград, Горан Илиќ, за „Инсајдер“ изјави дека, според неговата проценка, без спорната законска одредба компанијата би требало да ѝ плати на државата околу 250 милиони евра за земјиштето.

    Мацура и двајца негови соработници се осомничени за злоупотреба на положбата, при што според наводите на обвинителството, тие во период од шест години незаконски изнеле околу 380 милиони евра од Алта банка. Мацура ги негира обвинувањата, а Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена.

    Случајот е дел од пошироката истрага за работењето на Алта банка, на која Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на крајот на октомври, по што Народната банка на Северна Македонија воведе привремена управа во Алта банка АД Битола и го ограничи располагањето со средствата на клиентите.

    Прочитај повеќе

    Расте бројот на загинати во верижниот судир на автопатот „Тракија“: Во болница почина 50-годишен маж

    12.11.2026 во 09:40

    Температурите ќе паднат за 20 степени за само еден ден: Следува голем пресврт на времето во регионот

    11.11.2026 во 23:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.