Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски

    12.11.2026 во 09:28

    Дневен хороскоп: Некого го очекува нова љубов, а некого финансиски пресврт

    12.11.2026 во 09:15

    Денеска ќе нема струја до 15:30 часот – најавени исклучувања на повеќе места

    12.11.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски
    • Дневен хороскоп: Некого го очекува нова љубов, а некого финансиски пресврт
    • Денеска ќе нема струја до 15:30 часот – најавени исклучувања на повеќе места
    • Од сабота полицијата ќе казнува по 45 евра: Не седнувајте зад волан неподготвени
    • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
    • Бел прав пронајден во „пежо“ во Чегране, тројца приведени
    • Температурите ќе паднат за 20 степени за само еден ден: Следува голем пресврт на времето во регионот
    • Се однесувал агресивно кон сопругата, па му се заканувал и на сопствениот син – кочанчанец заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски

    СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски

    12.11.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија. Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски – се наведува во соопштението од СДСМ.

    „Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

    Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

    СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

    Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

    Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

    По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

    И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

    Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

    Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

    Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

    Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

    Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. 

    Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност

    11.11.2026 во 21:17

    Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    11.11.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.