Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената вечера во Елисејската палата во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваа на Парискиот мировен форум.

Сиљановска-Давкова информираше дека во неформална атмосфера продолжиле разговорите за темите што биле во фокусот на Форумот.

„Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“, објави претседателката.
Свечената вечера се одржа синоќа, на 10 ноември, во Елисејската палата, официјалната резиденција на францускиот претседател.

