Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

    06.11.2026 во 20:01

    Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

    06.11.2026 во 19:43

    Почина американскиот милијардер и филантроп Дејвид Рокфелер

    06.11.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола
    • Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем
    • Почина американскиот милијардер и филантроп Дејвид Рокфелер
    • Во понеделник без вода делови од скопска општина
    • За седум часа, санкционирани 43 возачи на камиони во Скопје
    • Зеленски бара двопартиска поддршка од САД: Итно потребни се нови ракети за „Патриот“
    • Пад кај акциите поврзани со вештачка интелигенција
    • Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

    Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

    06.11.2026 во 20:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

    Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

    Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

    Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

    Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

    Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

    Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

    06.11.2026 во 19:43

    Во понеделник без вода делови од скопска општина

    06.11.2026 во 19:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.