Поради изведување работни активности за поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџимитков“ бб, во општина Центар, денеска (5 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Стефан Цветковски“.
Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

