Close Menu
Press24
    Најново

    Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра

    03.11.2026 во 14:32

    Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров

    03.11.2026 во 14:29

    Напад во средно училиште во Скопје: Малолетник претепал 18-годишник, па со другарите му се заканувале

    03.11.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра
    • Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров
    • Напад во средно училиште во Скопје: Малолетник претепал 18-годишник, па со другарите му се заканувале
    • Инцидент кај клучка Хиподром: Му го попречиле патот, па двајца излегле од автомобил и го нападнале
    • Драма во Карпош: Татко се заканувал на малолетната ќерка по телефон, па се појавил пред врата и почнал да тропа
    • Удрил во бандера и излетал од патот: Тешко повреден млад возач од Велешта
    • Куманово: Нудел помош за подигање пари од банкомат, па им крадел дел од парите
    • Исчистени речиси 27 километри канали во Илинден: Општината ги надмина првичните планови за заштита од поплави
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра

    Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра

    03.11.2026 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првообвинетиот во предметот „Лотарија“, Прпарим Бајрами, ќе излезе од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје прифати гаранција во недвижен имот вреден 1.140.781 евра.

    Според соопштението од Судот, тој ќе биде ослободен од затворот „Скопје“ веднаш по впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности. Одлуката стана правосилна денеска, откако надлежниот јавен обвинител и останатите странки во постапката се откажаа од правото на жалба.

    Покрај прифатената гаранција, Судот му определи и дополнителни мерки за претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство. На Бајрами му е одземен пасошот, му се забранува издавање нова патна исправа и му се одредува обврска редовно да се јавува во Судот.

    Предлогот за замена на притворот со гаранција одбраната го поднела на 14 октомври, а Кривичниот совет при одлучувањето го зел предвид и законскиот рок за траење на мерката притвор.

    Од Кривичниот суд објаснуваат дека притворот во конкретниот случај не може да трае подолго од 60 дена. Бајрами сам се јавил на издржување на мерката на 9 септември, со што максималниот рок истекува на 8 ноември.

    Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август поднесе обвинителен предлог против Бајрами за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена казна затвор до пет години.

    Притворот претходно му беше одреден бидејќи не им беше достапен на органите на прогонот, а по неговото укинување, судската постапка ќе продолжи.

    Прочитај повеќе

    Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров

    03.11.2026 во 14:29

    Напад во средно училиште во Скопје: Малолетник претепал 18-годишник, па со другарите му се заканувале

    03.11.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.