Close Menu
Press24
    Најново

    ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

    03.11.2026 во 12:23

    Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“

    03.11.2026 во 12:16

    Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ

    03.11.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
    • Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
    • Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ
    • Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР
    • Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ
    • Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување
    • Дојава за бомба на лет од Лондон до Варшава: Авион со 181 патник итно пренасочен, аеродромот затворен
    • Славески со информации за пензионерите кои земаат пензија во Алта Банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

    ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

    03.11.2026 во 12:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оваа недела во регионот се затвори едно поглавје, посочија од ВЛЕН. 

    „На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. 

    Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура.

    Денес сакаме да кажеме две работи јасно.

    Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ.

    ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата:

    Во јули 2021 година српската компанија МТЕЛ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи.

    Османи имаше најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби до денес не се објавени.

    На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков.

    На 9 јуни 2025 година, фирма во која АС Сењак е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од Алта банка Белград.

    На 17 септември 2025 година акциите се продадени на Алта банка. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на АС Сењак два договори вредни 90 милиони денари.

    Ова не е случајност. Тоа е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград. Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ.

    Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ.

    Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а Алта банка остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките.

    ВЛЕН го кажува ова уште од септември 2025 година. Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне.

    Затоа бараме:

    Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на АС Сењак со Мијалков и со Алта банка, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ.

    Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на Алта банка со фирми од Македонија.

    ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери.

    Али Ахмети лично да објасни зошто фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта.

    Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“

    03.11.2026 во 12:16

    Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ

    03.11.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.