Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двојна наплата на здравствени услуги. Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент. И ова се правело масовно. 

    Детали за денешната акција во рамки на истрага за финансиски криминал објави министерот за здравство, Сашо Клековски, кој кажа и дека опфатени се прекршоци од различни водиви но овој бил најмасовен.

    Одговорајќи на новинарско прашање рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за Здравствена установа која повеќе пати сторувала прекршоци, но не била казнувана. 

    -Значи, не е еднаш, двапати, трипати. Туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци да прифати да се раскине договорот со таа Здравствена установа за да се прекина ланецот на неказнивост. И истовремено побарав да се отвори истрага заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравство кој напорно работеше да се завршат сите работи, рече Клековски.

    ГОворејќи за самата истрага во рамки на здравствените власти, Клековски рече дека вклучени биле и повеќе здравствени институции.

    -Беа вклучени и други, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за лекови и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата. Благодарам на истрајноста на вработените во Министерството за внатрешни работи на завршената работа, рече Клековски. 

    Во истрагата опфатени се три лица вработени во Фондот за здравство и две во приватна Клиника.

    Според неофицијални информации, штетата на Буџетот од шемата на оваа приватна здравствена установа е над 1,5 милиони евра. Противправната стекната материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра, а оштетени биле голем број пациенти. 

    Меѓу пријавените, според медиумските информации, е и Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.

    Од МВР официјално информираат дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вршат претреси на повеќе локации низ државата во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во дел од здравствениот сектор. Од Министерството најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по целосното завршување на акцијата.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.