Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четворицата осомничени за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров се приведени, а според извори од истрагата, тие веќе ги признале кривичните дела во полициска станица. Нивна мета биле повозрасни лица кои живееле сами, а жртвите биле врзувани и претепувани, по што од нивните домови биле одземани пари и злато.

    Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека вчера (27 октомври) се лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Тие се осомничени за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

    Според неофицијалните информации од извори во истрагата, двајца од приведените учествувале во првото убиство, во кое животот го загубил 62-годишен маж од Хром, додека тројца биле вклучени во убиството на 76-годишната жена, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во нејзиниот дом во Ѓорче Петров.

    Четвртиот осомничен, 26-годишникот од Струмица, според истите извори, бил возач на групата и се сомничи дека помагал при извршувањето на кривичните дела.

    Двете жртви биле убиени на речиси идентичен начин. Напаѓачите, според сознанијата од истрагата, ги врзувале и физички ги малтретирале, а потоа од нивните домови одземале пари и златен накит. На местата на злосторствата полицијата, според истите извори, пронашла и ДНК-траги за кои се верува дека им припаѓаат на осомничените.

    Од МВР соопштија дека постапуваат во координација со Основното јавно обвинителство Скопје и дека за четворицата е побаран краткотраен притвор од 48 часа, со цел да се комплетира доказниот материјал.

    „Во координација и по издадени наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 во врска со член 165 од Законот за кривичната постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

    Од Обвинителството појаснуваат дека постапката сè уште е во фаза на прибирање докази и дека засега не е донесена наредба за спроведување истрага.

    Се очекуваат и резултатите од обдукциите на двете тела, кои треба да дадат дополнителни информации за начинот на кој настапила смртта.

    Едно од прашањата што треба да ги расчистат надлежните е дали 62-годишниот маж и 76-годишната жена биле единствените жртви на осомничената разбојничка група или таа е поврзана и со други кривични дела.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.