Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично ќе му биде загарантирана комплетна безбедност доколку одлучи да дојде во руската престолнина, Москва, пренесуваат медиумите.
Според информациите што ги соопшти Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика, оваа порака Путин ја соопштил за време на 90-минутниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александер Стуб.
Ушаков истакна дека рускиот лидер нагласил оти на Зеленски ќе му бидат обезбедени сите неопходни услови и целосна сигурност во случај на посета. Инаку, главна тема на повеќестраниот разговори меѓу лидерите бил договорот за продолжување на мировните преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави.

