Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“
    • Воз удрил во автомобил кај Заечар – во возилото имало три девојки
    • Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег
    • „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери
    • Разорни ветрови удрија преку ноќ во Анталија: Торнадо погоди контејнери каде што спиеле работници, четворица загинаа
    • Жените денеска никако не смеат да направат една работа – Важно народно верување за Петковден
    • Сите училишта и градинки во Центар ќе добијат фотоволтаици
    • Ужас во болница во Загреб: На жена ѝ е отстранет целиот желудник поради рак што го немала – Обвинителството бара затворска казна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    27.10.2026 во 10:485 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, се огласи на Фејсбук по реакциите во македонската јавност на изборните случувања во Србија, при што направи споредба меѓу политичките состојби во двете земји и упати остри критики кон актуелното раководство на СДСМ.

    -„Повеќе од половина година молчам за случувањата во МК политиката и особено во мојата СДСМ. Сепак, гледајќи ги реакциите на изборите во Србија, кои патем кажано, апсолутно немаат скоро никакво влијание за нас (за жал, многумина немаат сфатено дека ние сме две држави и два света), па влечат политички заклучоци за наводно некаква политичка инерција и во МК политиката, како поле за логична анализа се наметнуваат две состојби, кои анализи заради должината, сепак ги правам базично:

    1. Компарирањето на Македонија и Србија представува класична политичка неписменост. Геополитички гледано Македонија и Србија се сосема различни приказни.

    Македонија е дел од западноатланските безбедносни асоцијации (НАТО) и своите политики и геополитики ги креира и адаптира согласно политиките на тие асоцијации. Србија од своја страна, со апсолутистот Вучиќ (предходно и Орбан во Унгарија), представува опасност за стабилнотоста на овој дел на Европа, особено ако се има во предвид силното руско влијание во српската (унгарската) политика и општество. Од тука, влечењето било каква аналогија, не е ништо друго, освен “пуста желба”на неспособната номинклатура на СДСМ да ги придвижи напред работите во редефинирањето на политичката позиција на СДСМ во македонската политика. За жал, во тоа “независно и ново” раководство, по мое мислење свесно не сакаат да разберат дека либералниот дел од македонското општество, ги доживува како продолжена рака на структурата која свесно ги уништи и идеалите и луѓето кои несебично се внесовме во обидот да ги направиме промените после апсолутизмот во Македонија. Со тие идеали и луѓе, оваа структура немилосрдно расчисти, најпрво на изборите 2020 и потоа на изборите во 2021 година. Од тогаш навака, СДСМ, за жал е струкура позади која што се кријат луѓе чија што амбиција не е ништо друго, освен да ги заштитат своите лични (пред сеʼ материјали) интереси. Заедно со сеʼ добар дел од пратеничката група, која што активно учествуваше во создавањето на вакво СДСМ, а сега дел од нив глумат “паднати од небо” и фактори на стабилност ….

    2. Дали е еден човек апсолутист или не, не зависи од тоа дали потекнува од десна или лева политичка провениенција. Напротив. Тоа зависи од личните карактеристика на еден човек. Орбан на пример, доаѓа на власт како левичар. Додик исто така ….

    Ако СДСМ ја сведете во светот на Вучиќ, тогаш, секој што изминатиов период крена глас за состојбите во партијата, беше означен како платеник, купен, уценет од некоја друга страна (или шо би рекол Вучиќ блокадери, усташе, страни плаченици).

    Тоа доволно говори за личните карактеристики на водачот ….

    Значи, кој е следен ?

    П.С. Има мноооогу повеќе”, напиша Шилегов.

    Петре Шилегов се огласи на Фејсбук околу случувањата со изборите во Србија, каде Александар Вучиќ доживеа пораз.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег

    27.10.2026 во 10:32

    „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери

    27.10.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.