УХМР издаде метеоаларм за денеска. Според податоците од УХМР, овој понеделник, 26.10.2026, ќе има силен ветер од северозападен правец кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од вторник се очекува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во понеделник и вторник наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец. Во петок и за време на викендот се очекуваат услови за врнежи од дожд.

