Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра
    • Тадиќ по изборниот пораз на СНС: Чекав 14 години ова да се случи
    • Ветер и дожд низ Македонија: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • Муцунски со честитки до Србија по изборите: Македонија останува посветена на добрососедските односи
    • Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам
    • Вонредна контрола на АХВ: 470 кила месо заврши на депонија
    • „Летаа” казни за продолжениот викенд – Полицијата за три дена напиша 2.720 платни налози
    • Путин се согласи на преговори, Зеленски подготвен за неочекуваното
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра

    Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра

    26.10.2026 во 10:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 59 лица, меѓу кои и сопственикот, се уапсени во обемна акција на грчката полиција спроведена во познат синџир пекарници под сомнеж за големи даночни измами. Според првичните проценки на надлежните, штетата нанесена на грчкиот државен буџет достигнува до 100 милиони евра.

    Полициската акција е во тек и досега опфати над 200 продажни објекти. Обвиненијата со кои се соочуваат приведените се однесуваат на организирана измама на штета на државата, даночно затајување, неплаќање ДДВ и неуплаќање на придонеси за социјално осигурување.

    Истражните органи го проширија опсегот и врз други поврзани компании, за кои постојат сомневања дека сопственикот ги поседувал директно или зад сцената преку трети лица.

    Сопственикот на познатиот синџир пекарници „Хориатико“ и претходно ѝ е познат на полицијата и има криминално досие. Во 2008 година тој беше уапсен за трговија со луѓе и илегално доведување жени од Источна Европа за работа во стриптиз клубови. За тие активности тој подоцна беше осуден на 10 години затвор, а нелегално стекнатите пари се переле токму преку пекарниците.

    Ова е втор голем случај за финансиски криминал во Грција во изминативе неколку дена, откако претходно беше разбиена мрежа за даночно затајување и перење пари во познат синџир пицерии, каде што беа уапсени 23 лица.

    Прочитај повеќе

    Тадиќ по изборниот пораз на СНС: Чекав 14 години ова да се случи

    26.10.2026 во 10:47

    Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам

    26.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.