Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се огласи по парламентарните избори во Србија, упатувајќи честитки до граѓаните и до победниците на изборите.
Муцунски преку објава на социјалната мрежа „Х“ ѝ посака успех на Студентската листа во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.
Тој порача дека Македонија останува посветена на продлабочувањето на пријателството и добрососедските односи со Србија, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на регионот.
Според проекциите, Студентската листа освоила 139 мандати во српското Народно собрание, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 104 мандати. Листата на Сојузот на војводинските Унгарци освоила три мандати.

