Српската актерка Нина Сеничар допатува од Соединетите Американски Држави во Белград за да го оствари своето право на глас на изборите. Таа веднаш по слетувањето на аеродромот се упати кон нејзиното гласачко место, поддржувајќи ја „Студентската листа“.
Сеничар преку социјалната мрежа Инстаграм ги извести своите следбеници за патувањето и причината за доаѓањето.
- Одам на многу важно патување од Америка до Белград. Ќе патувам 15 часа, ќе сменам два авиона и ќе прелетам над 10.000 километри – изјави таа.
Актерката дополнително ја појасни својата одлука и ја нагласи важноста на граѓанската должност.
- Одам директно од аеродромот до моето гласачко место. Зошто? Затоа што секој глас е важен! – рече актерката која ја сними портата број 3 и додаде три црвени срца во описот.
Откако го изврши гласањето, Нина објави ново видео на својот профил.
- Па, драги мои, јас гласав, а вие? Директно од аеродромот, 15 часа патување, 10.000 километри, 2 авиони се еднакви на „3“ – рече актерката, по што се приклучи на собирот на плоштадот Славија заедно со останатите граѓани.

