Еден 18-годишен жител на Делчево покажа чесност откако на булеварот „Македонија“ пронашол лични документи и поголема сума пари, кои веднаш ги однел во полиција.
Младиот делчевец пронашол патна исправа и лична карта на жител на Делчево, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра. Наместо да ги задржи пронајдените пари и документи, тој ги предал во Полициската станица во Делчево на 24 октомври.
Од Министерството за внатрешни работи ја поздравија неговата постапка, оценувајќи ја како пример за чесност и одговорност.
Овој гест на младиот делчевец е потсетник дека чесноста и солидарноста се вредности што заслужуваат признание, особено кога доаѓаат од младите.

