Дел од корисниците во Општина Студеничани и на улицата Христо Татарчев во Општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија АД.
Без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците во селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од жителите на селото Долно Количани, во делот познат како Долно Маало Поле, во Општина Студеничани.
Прекин на електричната енергија е најавен и за корисниците на улицата Христо Татарчев во Општина Кисела Вода, кои ќе бидат без струја од 9 до 14 часот.

