Close Menu
Press24
    Најново

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска на дневен ред во Собранието – Интерпелацијата пред пратениците
    • Времето „се расипува”: УХМР со временска за цела недела
    • Жена пријавила физички напад од сопругот
    • САД ги повлекува дипломатите и членовите на нивните семејства од Блискиот Исток
    • Трамп: „Ауди“ планира да изгради фабрика во Џорџија за четири милијарди долари
    • Црн биланс во Белгород: Тројца загинати и 14 повредени во нови украински напади врз руската област
    • Многу висока излезност во Србија: До 14 часот својот глас го остварија 46,4 отсто од граѓаните
    • Голема дипломатска најава: Почнаа подготовките за трилатерален самит меѓу Путин, Трамп и Си Џинпинг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска на дневен ред во Собранието – Интерпелацијата пред пратениците

    Божиновска на дневен ред во Собранието – Интерпелацијата пред пратениците

    26.10.2026 во 08:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната 128. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица. Како причини за поднесувањето на интерпелацијата, од партијата ги посочуваат задолжувањата на државниот енергетски систем и, како што наведуваат, изостанувањето на очекуваните резултати во изминатиот период, особено во енергетскиот сектор.

    На дневниот ред на седницата се предвидени вкупно 13 точки. Меѓу нив се предлогот за избор на член на Судскиот совет, предлог-одлуката за именување член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и предлог-одлуката за именување член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

    Пратениците ќе ги разгледуваат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање, Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, исто така во второ читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, во прво читање.

    Во рамки на седницата ќе се разгледува и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2025 година.

    На дневниот ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање.

    Како последна точка на дневниот ред е предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Времето „се расипува”: УХМР со временска за цела недела

    26.10.2026 во 08:05

    Жена пријавила физички напад од сопругот

    25.10.2026 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.