Close Menu
Press24
    Најново

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Скандал на изборите во Србија: Членка на избирачки одбор доби шлаканица, прекинато гласање по упадот во Дољевац

    25.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија на патот Струмица – Радовиш: Загина возач во судир со пијан возач кој управувал возило со 1,32 промили алкохол
    • Инцидент во Охрид: Возач со „БМВ“ со струшки таблички попречил движење и физички нападнал 60-годишен маж
    • Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
    • Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив
    • Манасиевски: Во анкетниот лист на Филипче нема кола од 6.000 евра, туку „мерцедес“ од 44.000 евра и мотор
    • (ВИДЕО) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски – пуштен е да работи за ВМРО
    • Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки
    • Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на патот Струмица – Радовиш: Загина возач во судир со пијан возач кој управувал возило со 1,32 промили алкохол

    Трагедија на патот Струмица – Радовиш: Загина возач во судир со пијан возач кој управувал возило со 1,32 промили алкохол

    25.10.2026 во 12:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на магистралниот пат Струмица – Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Според полициските информации, несреќата се случила на 25.10.2026 година, околу 02:00 часот, во близина на струмичкото село Радичево, општина Василево. Во судирот учествувале патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.В. од селото Злеово, и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Р.С. од селото Добрејци.

    Од силата на ударот, возачот на „мицубиши“-то, Р.С., здобил фатални повреди и починал на самото место на несреќата, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Во несреќата со телесни повреди се здобил и сопатникот од истото возило, 36-годишниот Д.А. од селото Дабиле.

    Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Струмица. При контролата било утврдено дека младиот возач ко го управувало „пежото“ било под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта. Поради тоа, тој веднаш е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

    По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со расчистување на сите детали околу трагичниот настанот.

    Прочитај повеќе

    Инцидент во Охрид: Возач со „БМВ“ со струшки таблички попречил движење и физички нападнал 60-годишен маж

    25.10.2026 во 12:30

    Жена нападната од сопругот со кој се разведува

    24.10.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.