На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.
Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода, информираат од МВР.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

