Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
    • Деребан: Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот
    • Андоновски на средба со потпретседателот на Светска банка за дигитализацијa
    • Кремљ најавува можност за преговори: Русија, САД и Украина пред нов круг трилатерални разговори во Абу Даби
    • Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега
    • Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа
    • Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук

    Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук

    21.10.2026 во 21:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Суд во американската сојузна држава Ново Мексико ѝ наложи на компанијата „Мета“ да плати казна од 25 милијарди долари поради доведување на корисниците во заблуда во врска со приватноста на Фејсбук. Одлуката е донесена во рамките на правната постапка која произлегува од големиот скандал со „Кембриџ аналитика“.

    Судијата Френсис Метју го утврдил конечниот паричен износ откако претходно во септември поротата ја прогласи компанијата за одговорна за повеќе од 43 милиони прекршувања на државниот закон за заштита на потрошувачите. Станува збор за граѓанска парична казна во корист на сојузната држава, а не за директна исплата на отштета на секој поединечно засегнат корисник. Според известувањата на медиумите, ова е највисоката казна некогаш изречена против оваа компанија.

    Во образложението, судијата оцени дека однесувањето на Фејсбук било систематско и се однесувало на суштината на неговите деловни практики. Иако законската пресметка овозможувала казна која надминувала 219 милијарди долари, судот сепак го намалил конечниот износ на 25 милијарди.

    Државниот обвинител Раул Торез ја поздрави одлуката и ја оцени како силна порака до технолошките гиганти.

    – Ова е силна порака до технолошките компании дека мора да одговараат за начинот на кој ги информираат граѓаните и постапуваат со нивните податоци – истакна Торез, додавајќи дека средствата од казната треба да бидат насочени кон јавното образование во Ново Мексико.

    Правниот тим на „Мета“ ги оспорува доказите за претрпената штета и начинот на пресметување на прекршувањата, а во постапката бараше значително пониска казна од околу 3,4 милијарди долари. Компанијата претходно најави жалба на одлуката на поротата, што значи дека парите нема веднаш да бидат достапни, а конечниот исход ќе зависи од текот на жалбената постапка.

    Случајот во основа потекнува од откритијата дека компанијата „Кембриџ аналитика“ добила неовластен пристап до лични податоци од милиони профили на Фејсбук без согласност на корисниците, кои потоа биле користени за политичко профилирање и насочено рекламирање, вклучително и за време на претседателските избори во САД во 2016 година.

    Прочитај повеќе

    Кремљ најавува можност за преговори: Русија, САД и Украина пред нов круг трилатерални разговори во Абу Даби

    21.10.2026 во 20:31

    Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега

    21.10.2026 во 20:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.