Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации

    Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации

    20.10.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на официјалната програма за сите учесници, малтешкиот јавен сервис – ПБС – организираше посета на повеќе училишта за децата кои годинава ќе настапат на фестивалот.

    Македонската делегација реализираше посета на училиштето Св. Јосиф, државно католичко училиште за девојчиња. Ана Стојаноска беше пречекана со еуфорија и аплауз од ученичките во Св. Јосиф, кои дополнително ја изненадија и со хорска изведба на рефренот на „Идната јас“.

    Тимот на Македонската Радио Телевизија го издвои овој момент како еден од најемотивните досега.

    -Ова за мене е најубавиот ден во Малта. Многу сум среќна што сум тука и што имав прилика да ги запознаам ученичките и секако, тоа што ја пеевме „Идната јас“ во еден глас. Девојчињата од Малта пееја на македонски јазик и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам, изјави малата Ана.

    Посебен момент за време на дружбата беше и тоа што директорот на училиштето д-р Кенет Вела потенцираше дека пораката на „Идната јас“ се поклопува со мисијата и визијата на училиштето и дека во наредниот период наставниот кадар ќе посвети повеќе внимание на доближување на пораката од песната до ученичките.

    Ана Стојаноска и тимот на 21.10.2026 веќе ќе ја имаат и втората техничка проба, но од исклучителна важност е пробата на која гласа стручното жири ширум Европа во петок на 23-ти октомври, кога и се отвораат линиите за онлајн гласањето на платформата на Јуниорскиот евросонг. Веќе на 24-ти октомври со почеток во 21ч на програмата на Македонската Радио Телевизија гледачите ќе можат да го следат преносот во живо на шоуто инспирирано од малтешката „феста“ што значи празнување.

    Информациите и насоките за начинот на гласање можете да ги погледнете ТУКА

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

    20.10.2026 во 19:06

    „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

    20.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.