Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 44-годишник, 41-годишник, 24-годишник, 22-годишник, 19-годишник и 26-годишна жена, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, метадон и нож.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

