Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали

    18.10.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот
    • Есенска акција во Центар: Се сузбиваат глодарите на целата територија на општината
    • Православните верници го одбележуваат Свети апостол Тома“ – Важни обичаи за денешниот ден
    • МВР гордо: Второ место меѓу министерствата според отвореноста, 100% исполнетост кај интегритетот
    • Црвен аларм на Волстрит: Расте стравот од „АИ меур“, технолошките акции паѓаат
    • ДУИ по изборите во Брвеница: Гласот на секој граѓанин мора да биде слушнат
    • СДСМ задоволни и покрај поразот во Брвеница – имаме 200 гласа повеќе
    • „Разговори за иднината“ до Филипче: Уште што треба да му се случи на СДСМ за да се повлечете?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија денеска треба да ги утврди новите максимални цени на горивата, а движењата на меѓународните пазари упатуваат на ново, но ограничено поскапување на дизелот.

    Иако суровата нафта утрово поевтинува и Брент се спушти на околу 107,5 долари за барел, за домашната цена на дизелот поважно е движењето на готовиот рафиниран производ на медитеранскиот пазар.

    Референтниот ULSD 10 ppm на Медитеранот во текот на минатата недела се движеше на високи нивоа – околу 1.490 долари за тон во првата половина од неделата, по што до петок се спушти на околу 1.450 долари за тон, што значи дека неделниот просек сепак останува повисок од оној врз основа на кој беше формирана сегашната цена.

    Доколку Владата ги задржи сегашните мерки – ДДВ од 10 проценти за дизелот и намалената акциза – пазарните движења не упатуваат на драматичен скок, туку на корекција од околу 0,50 до 1,50 денари за литар.

    Најреално е Еуродизелот од сегашните 97 денари да поскапи на околу 98 денари за литар, додека конечната цена ќе зависи од пресметката на РКЕ за просечната котација на медитеранскиот дизел и курсот на доларот.

    Бензинот би можел да остане по иста цена или евентуално малку да поевтини

    Дополнителен притисок надолу создава најавеното зголемување на руските испораки и олеснувањето на дел од американските санкции, но светскиот пазар на дизел и натаму е затегнат поради ниските резерви, проблемите со рафинериското производство и високите транспортни трошоци.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу богатите и сиромашните

    19.10.2026 во 10:04

    „Што ќе работам?“ – ИНОВА ги насочува средношколците кон идните професии

    19.10.2026 во 08:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.