Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби понудата за оставка на министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, која уследи по масовните немири и насилства што за викендот ја потресоа земјата. Од Елисејската палата потврдија дека министерот останува на функцијата за да се обезбеди институционален континуитет.
По неодамнешните протести и немири кои избувнаа како резултат на незадоволството на граѓаните од сè поголетите трошоци за живот, влошувањето на јавните услуги и состојбата во школството, безбедносната ситуација во земјата е под зголемен лупа.
И покрај притисокот од јавноста и понудената оставка на првиот човек на полицијата, државниот врв одлучи во овој момент приоритет да биде стабилноста. Од Елисејската палата нагласуваат дека се неопходни итни промени и воведување нови методи на дејствување на терен со цел ефикасно справување со погромите и спречување на нови барикади и грабежи.
„За да се стави крај на грабежите и подигнувањето барикади, претседателот побара од министерот за внатрешни работи во најкраток можен рок да воведе нови методи на дејствување на силите за безбедност на терен“, стои во соопштението.
Официјален Париз испрати порака дека учесниците во немирите и погромите нема да бидат поштедени и огласи строги мерки за нивно правно санкционирање.

