Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети
    • Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима
    • Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот
    • Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес
    • Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана
    • Серија апсења низ Македонија
    • Пронајдена димна бомба во стан во Скопје: Полицијата веднаш интервенирала
    • Фирма од струмичко го оштетила буџетот за 347.414 денари: Поднесена кривична пријава за затајување данок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети

    Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети

    17.10.2026 во 15:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

    „При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

    Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите Сектори за внатрешни работи.

    Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

    Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

    За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот“, соопштија од МВР.

    Прочитај повеќе

    Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана

    17.10.2026 во 13:57

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.