Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на територијата на Македонија.
Според првичните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран во подрачјето меѓу Македонски Брод и Крушево.
Потресот се случил денеска, 17 октомври, во 10:15 часот, на длабочина од 15 километри, објави 4news.mk.
Епицентарот бил лоциран во непосредна близина на населените места Пласница и Лажани, со географски координати од 41,435 степени северна географска ширина и 21,227 степени источна географска должина.
Станува збор за земјотрес со релативно мала магнитуда, кој можел слабо да биде почувствуван од дел од населението во епицентралното подрачје.
До овој момент нема информации за евентуални материјални штети.
Се очекуваат официјални и дополнителни податоци од надлежните сеизмолошки служби.

