Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во главниот град исто така ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

