Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка
    • Сиљановска-Давкова ги прими претставниците на Проект ХОУП и Фондацијата БД
    • Рама по насилните протести во Албанија: Странски сили поттикнуваат немири за да го спречат влезот во ЕУ
    • СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки
    • Западнонилската треска зеде уште една жртва: Регистриран 12-ти смртен случај
    • Несреќа при работа во Гази Баба: 44-годишник заврши во болница со тешки повреди
    • Обид за разбојништво во Кисела Вода: Жена со остар предмет се заканувала на 18-годишник
    • МВР ги казни неодговорните возачи: Возеле без возачка, пијани и со брзина над дозволената
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка

    Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка

    16.10.2026 во 17:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони.

    -Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и порибување во наредната година со нови 1.550.000 млади пастрмки, изјави министерот Серафимовски.

    Тој појасни дека во годинашното порибување биле вклучени и 100.000 поголеми единки од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама, за надоместување на пропуштеното по паузата во вештачкиот мрест од 2019 до 2023 година, притоа посочи и дека кај летната форма на охридската пастрмка, по 23 години од последниот вештачки мрест, експериментално е добиен подмладок кој успешно се одгледува.

    -Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја засилува заштитата и на јагулата, која е критично загрозен вид. Нејзиното зачувување го поставуваме како институционален приоритет. Владата за првпат усвои Национален план за управување со јагула, нагласи министерот Серафимовски.

    Тој најави дека Хидробиолошкиот институт ќе ги спроведува мерките за внесување млади јагули и безбеден транспорт на сребрените јагули кон морето, при што за пренос се предвидени 40 отсто од утврдената годишна квота за лов на традиционалната рибарска замка „Далјан“ на Црн Дрим кај Струга, за да им се овозможи да го продолжат патот кон Саргасовото Море, избегнувајќи го минувањето низ турбините на хидроцентралите.

    Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, информираше дека надлежните инспектори од одделението за рибарство, во соработка со рибочуварската служба од охридскиот регион и со езерската гранична полиција, вршат редовни контроли на работата на концесионерите.

    -Нашите инспектори се вклучени и во процесот на сузбивање на нелегалниот риболов, односно во борбата со рибокрадците. Заклучно со денес, од почетокот на 2026 година, имаме спроведено вкупно 231 инспекциски надзор на Охридското Езеро и за сторени прекршоци имаме издадено 21 платен налог. Во наредниот период ќе продолжиме со борбата против рибокрадците со цел да обезбедиме заштита на биодиверзитетот и зачувување на рибниот фонд, изјави директорот Ангеловски

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова ги прими претставниците на Проект ХОУП и Фондацијата БД

    16.10.2026 во 17:00

    СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки

    16.10.2026 во 16:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.