Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова ги прими претставниците на Проект ХОУП и Фондацијата БД
    • Рама по насилните протести во Албанија: Странски сили поттикнуваат немири за да го спречат влезот во ЕУ
    • СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки
    • Западнонилската треска зеде уште една жртва: Регистриран 12-ти смртен случај
    • Несреќа при работа во Гази Баба: 44-годишник заврши во болница со тешки повреди
    • Обид за разбојништво во Кисела Вода: Жена со остар предмет се заканувала на 18-годишник
    • МВР ги казни неодговорните возачи: Возеле без возачка, пијани и со брзина над дозволената
    • Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги прими претставниците на Проект ХОУП и Фондацијата БД

    Сиљановска-Давкова ги прими претставниците на Проект ХОУП и Фондацијата БД

    16.10.2026 во 17:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).

    За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството.

    Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза.

    Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

    Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава.

    Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности.

    Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка.

    Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки

    16.10.2026 во 16:53

    Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари

    16.10.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.