Седумдесет и седумгодишниот Јован Д. почина во вторникот на 13 октомври во болница во Белград, по повеќе од два месеци борба со тешките повреди задобиени во бизарна несреќа.
Несреќата се случила на 6 август, кога несреќниот човек носел сад со свежо подготвена, врела течност штотуку извадена од котел. Во еден момент се сопнал, ја изгубил рамнотежата и ја истурил целата содржина врз себе.
Тој веднаш бил пренесен во болница во исклучително тешка состојба, каде што лекарите констатирале изгореници на дури 30 проценти од површината на телото. И покрај сите напори на медицинскиот тим кои траеја повеќе од два месеци, старецот им подлегнал на тешките повреди.
За случајот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наложило да се изврши обдукција врз телото за прецизно утврдување на причините за смртта.

