Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва остри и директно ќе возврати на украинските напади насочени кон руските рафинерии, енергетски и логистички објекти, оценувајќи дека Киев прв ја започнал оваа стратегија на напади. Изјавата доаѓа во период на нова сериозна ескалација на судирите и честите удари врз енергетската инфраструктура на двете страни.
Говорејќи на конгресот на организацијата „Бизнис Русија“, Путин истакна дека последните украински напади предизвикале минимална штета, но нагласи дека Русија ќе продолжи со одговорот.
„Вчера се обидоа да нападнат некои рафинерии, а сега погодија поединечни локации. Ништо значајно, но продолжуваат. Тие го направија првиот чекор, ние почнавме да реагираме, а сега се жалат на нападите врз енергетиката, воените објекти и центрите за податоци“, izjavi Putin.
Рускиот лидер порача дека Украина не требало да започнува со вакви напади и додаде дека сега Киев бара меѓународен притисок врз Москва со цел да се запрат руските одмазднички акции.
Во изминатите денови беа забележани нови украински напади врз руски нафтени постројки и рафинерии, додека украинската страна тврди дека овие акции се легитимен одговор на воената агресија.

