Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЈО: Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе
    • Кина: Луѓе заработуваат до 900 долари месечно учејќи роботи да чистат и мијат садови
    • Царинска драма во Келн: Пратка полна со смртоносни змии запленета во куфер
    • Зеленски и одговори на Марин Ле Пен: „Ние придонесуваме за Европа, а не ја уништуваме“
    • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот
    • Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим: Во фокусот борбата против хибридните закани
    • 25 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип
    • Мерц бара дополнителни средства за Украина на самитот на ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЈО: Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

    ЈО: Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

    15.10.2026 во 19:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело – Трговија со луѓе денеска остварија билатерални средби со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на криминал.

    Средбите беа организирани на маргините на дводневната Регионална експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан што во се одржува во Скопје, под покровителство на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ).

    На средбите беа разменети искуства и информации во однос на конкретни постапки со сомненија за трговија со луѓе во кои осомничени или жртви доаѓаат од јужноамериканските држави.

    Исто така, беше договорена и натамошна директна соработка и испитување на можностите за потпишување меморандуми со кои дополнително ќе се развијат каналите за размена на информации со јавните обвинителства во овие земји со цел ефикасен прогон на меѓународниот криминал.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    15.10.2026 во 18:27

    Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим: Во фокусот борбата против хибридните закани

    15.10.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.