Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?
    • ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“
    • Филипче: Сите лаги на Мицкоски за уставните измени паднаа во вода – секое одложување носи сиромаштија и иселување
    • Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова
    • Иранка (23) осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи
    • МВР со детали за случајот со наводниот напад на млади лица од страна на полицајци
    • Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне членка на Алијансата
    • Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?

    Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?

    14.10.2026 во 20:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во Дневникот на МРТ 1, отвори сериозни прашања за одговорноста на институциите и сомнежите за договор зад очите на јавноста, поврзани со случајот со Ива Михаилова. 

    Филипче потсети на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски, и неговиот спорен сертификат за познавање англиски јазик од Бугарија, и го отвори прашањето дали токму тоа е причината за ваквите договори.

    -Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Но, зошто и како се сомневаме и што е тоа што знаеме во однос на можен договор под масата. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори?, рече Филипче.

    Тој додаде дека одговорност мора да има и во Агенцијата за национална безбедност и во Министерството за внатрешни работи, особено кога станува збор за контролата на границите и околностите под кои Ива Михаилова ја напуштила државата.

    -Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче посочи дека јавноста има право да добие одговори за постапувањето на надлежните институции и побара одговорност за случајот, посочувајќи дека сомнежите за договори зад затворени врати мора да бидат расчистени.

    -Вчера министерот за внатрешни работи би рекол скандалозно изјавува дека нашата граница е практично швајцарско сирење. Ама тоа не треба он да го изјави, тоа се гледаме сите секојдневно. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши, како избега Артен Груби, како се врати..Во контекст на договорите, го пречека практично со црвен килим. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити дел од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Сите лаги на Мицкоски за уставните измени паднаа во вода – секое одложување носи сиромаштија и иселување

    14.10.2026 во 20:19

    Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова

    14.10.2026 во 19:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.