Иранската студентка Најмех Амини е осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи што властите ја прогласиле за навреда на пророкот Мухамед. Дваесет и тригодишната девојка се наоѓа во затвор во Машхад, а пресудата сè уште не е правосилна и може да се обжали пред Врховниот суд, пишува Гардијан.
Во друга постапка, таа е осудена на 12 години, шест месеци и еден ден затвор по обвиненија за дејствување против националната безбедност и пропаганда против режимот.
„Не сакам да се претставувам како хероина. Сакам само едно: бидете мојот глас“, рече таа во аудиопорака, повикувајќи ги Обединетите нации, адвокатите и организациите за човекови права да го истражат нејзиниот случај.

