Маж на возраст од 48 години од селото Црнилиште, општина Долнени, е тешко повреден откако паднал додека управувал трактор.
Несреќата се случила на 12 октомври, во близина на селото, а случајот бил пријавен во Полициското одделение Ропотово во 16:15 часот.
Повредениот бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

