32-годишен кавадарчанец е приведен откако претходно ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка. А во нападот употребил и тврд предмет.
-Вчера во 11:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.М.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

