Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Трамп: Дизелот нагло ќе поевтини
    • Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    09.10.2026 во 23:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат… Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна?

    За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот.

    Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

    Порано одење в кревет

    Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

    Зелен чај

    Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон – моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

    Јадење „шарена“ храна

    Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

    Пробиотици

    Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

    Недопирање на лицето

    Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата.

    Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип – плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.

    Прочитај повеќе

    Шакира и Пике повторно на суд

    09.10.2026 во 21:50

    Бруклин Бекам ја покажа огромната тетоважа посветена на Никола Пелц

    09.10.2026 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.