Полицијата во Битола приведе 47-годишен маж по пријава за семејно насилство.
Според информациите од МВР, во семејниот дом тој физички ги нападнал својот син, сопругата и братот. Тројцата при нападот се здобиле со повреди.
Лицето е лишено од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

