Close Menu
Press24
    Најново

    Скопјанец криумчарел мигранти од Непал

    23.11.2026 во 23:33

    Млад маж пронајден мртов во својот камион

    23.11.2026 во 23:02

    Утре без струја делови од две скопски општини: Проверете кои улици ќе бидат опфатени

    23.11.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец криумчарел мигранти од Непал
    • Млад маж пронајден мртов во својот камион
    • Утре без струја делови од две скопски општини: Проверете кои улици ќе бидат опфатени
    • Протечени руски податоци: Во војната во Украина загинале најмалку 490.000 руски војници
    • ФОТОВЕСТ: Вее снег на Стража
    • Млада велешанка крадела кабли од објекти во изградба
    • Јаневска уверува: УКИМ нема повторно да остане без струја
    • Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата

    Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата

    08.10.2026 во 07:591 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Меѓународна министерска конференција посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8 денеска се одржува во Софија. Македонија на форумот ќе ја претставува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

    Муцунски ќе се обрати на панелот „Геостратешки контекст на Коридорот 8“, на кој ќе се разговара за неговото значење во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови, како и за забрзување на реализацијата на инфраструктурните проекти.

    Конференцијата има за цел да поттикне политички и експертски дијалог и подобра координација меѓу земјите и институциите вклучени во изградбата на Коридорот 8.

    Во фокусот од македонска страна е железничкото поврзување со Бугарија. За третата фаза од пругата Крива Паланка–Деве Баир, долга 22 километри, обезбедени се 149 милиони евра грант од ЕУ, како и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

    Коридорот 8 ја поврзува јадранската со црноморската транспортна оска и минува низ Албанија, Македонија и Бугарија. За Македонија тој е значаен за железничкото и патното поврзување со соседните земји и со европскиот транспортен систем.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Скандал во затвор во Македонија – Полицаец наместо да чува затвореници, продавал дрога

    23.11.2026 во 11:58

    Заладување во Македонија – УХМР со временска прогноза за утрешниот ден

    23.11.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.