Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата
    • Голема среќа за еден знак: Денеска му се отвораат сите врати
    • Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето
    • Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба
    • Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт

    Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт

    07.10.2026 во 08:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската книжевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден од најзначајните светски настани во издавачката индустрија. Саемот ќе се одржува од 7 до 11 октомври, а на него ќе се соберат издавачи, автори, литературни агенти, преведувачи и професионалци од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет.

    Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и годинава продолжува со претставувањето на македонската книжевност во Франкфурт, со обновен национален штанд, поголем избор на книги и автори и појасно структурирана понуда наменета за меѓународниот издавачки пазар.

    МАИ повторно ќе го користи концептот „Читај во 7/8“, кој беше воведен минатата година како идентитет на македонскиот настап на саемот. Ритамот 7/8, карактеристичен за македонската музичка традиција, во концептот е претставен како симбол на македонската книжевност и нејзиниот препознатлив израз.

    Во фокусот годинава ќе бидат современата македонска книжевност и литературата за деца, со посебен акцент на можностите за поддршка на преводи и објавување македонски автори во странство. На саемот ќе биде претставен и актуелниот конкурс на Министерството за култура и туризам за финансиска поддршка на преводи на странски јазици.

    Претседателот на МАИ, Бојан Саздов, вели дека присуството на саемот во Франкфурт го гледаат како долгорочен процес, а не како еднократна презентација.

    „Во изминатиот период поставивме основа – препознатлив концепт, каталози со најдоброто од македонската книжевност и директни контакти со меѓународниот издавачки сектор. Годинава одиме чекор понатаму, со повеќе книги и автори, појасно структурирана понуда и конкретни можности за финансиска поддршка на преводите и странските изданија“, вели Саздов.

    Македонската делегација ја сочинуваат претставници на издавачките куќи членки на МАИ, кои на саемот ќе ги претставуваат своите издавачки програми, како и авторите и делата застапени во каталозите. Целта е да се отворат нови можности за превод, продажба на авторски права и соработка со странски издавачи.

    Саемот на книгата во Франкфурт е едно од најважните места за трговија со авторски права и книжевни содржини, професионални средби и воспоставување меѓународни партнерства. На 78. издание годинава, Чешка е земја-почесен гостин.

    Од МАИ посочуваат дека иако саемот трае пет дена, промоцијата на македонската книжевност во странство продолжува во текот на целата година, преку градење контакти и долгорочни партнерства.

    Националното претставување на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра

    07.10.2026 во 08:23

    ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас

    07.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.