Премиерот Христијан Мицкоски утре, во среда (7.10.2026 година), со почеток во 11:00 часот, ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.
Оваа активност е дел од владините планови за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите во општините ширум земјата.
Од Владата информираат дека по повод пуштањето во употреба на новиот објект, предвидено е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да даде изјава за медиумите.

