Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

    Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

    06.10.2026 во 13:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на денешната панел-дискусија во рамки на настанот на Светска банка за претставување на новиот Извештај за раст и работни места во Македонија, кој се одржа во Скопје. Настанот го отвори претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, а во фокусот на обраќањето на Андоновски беа дигитализацијата на услугите, поддршката за дигитална трансформација на компаниите и потребата од поактивно користење на достапните дигитални решенија.

    Андоновски истакна дека напредокот во дигитализацијата треба да се мери и преку реалната примена на услугите и придобивките што тие ги носат за граѓаните и стопанството.

    „На Националниот портал за електронски услуги го зголемивме бројот од 120 на 360 електронски услуги, а на Платформата за интероперабилност, која овозможува меѓусебна комуникација и размена на податоци, од околу 60 стигнавме до 95 поврзани институции. За компаниите дигитализиравме десетина од најкористените услуги, кои самите ги посочија како потребни, меѓу кои потврдите за неосудуваност на правни лица и различни изводи“, посочи Андоновски.

    Министерот нагласи дека паралелно со зголемувањето на понудата на електронски услуги, потребно е да се работи и на нивното пошироко прифаќање. Како пример ги наведе услугите поврзани со извозот на вино и тутун од Државниот инспекторат за земјоделство, кај кои, и покрај значителното скратување на времето преку дигиталната постапка, дел од компаниите сè уште избираат да ги користат шалтерите.

    „И кога ќе дигитализираме услуга која од 10 до 20 пати го скратува времето потребно за одредена компанија, таа повторно одбира да користи шалтер. Главната поента е да креираме екосистем кој ги користи услугите“, истакна Андоновски.

    Дополнително, Андоновски ја нагласи поддршката за бизнис-секторот преку двата дигитални иновациски хаба, ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, предводени од ФЕИТ и ФИНКИ. Преку кофинансирање од државата и Европската Унија, овие конзорциуми им овозможуваат на компаниите бесплатна поддршка за изработка на патокази за дигитализација, анализа на нивните потреби и тестирање на можни решенија.

    „Целта е фирмите да знаат што им е потребно за да се дигитализираат. Овие услуги се достапни бесплатно и имаат простор за поголема искористеност. Мораме заедно да го чекориме овој пат, државата, граѓаните и компаниите“, порача министерот.

    Андоновски информираше и дека се работи на софтверот САМИС за распределување на државната помош, кој треба да овозможи поголема транспарентност и следливост на поддршката.

    „Веќе работиме на софтвер за распределување на државната помош, САМИС, за транспарентно да знаеме каде оди државната помош, како се добива, за што служи и како се известува за неа“, истакна Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи

    06.10.2026 во 13:31

    Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош

    06.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.