Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставничките на здружението „Јас Сум Жена“ – Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова.
На средбата се разговарало за претстојната конференција на здружението, која годинава е посветена на жените во бизнисот, како и за иницијативите за поголемо поврзување и поддршка на жените.
Сиљановска-Давкова ја поздравила идејата за промовирање на успешни жени и рушење на стереотипите за традиционално „машки“ и „женски“ професии. Како примери биле посочени жени машиновозачки, капетани на бродови и оџачарки.
На разговорот било претставено и партнерството со здружението „До бебе по патот на ин-витро“, преку кое се планира конкретна поддршка за жените и семејствата на патот кон мајчинството и родителството.
Претставничките на „Јас сум жена“ ја презентирале и иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во градовите и општините, како и соработката со Агенцијата за иселеништво за формирање советодавно тело и систем за реинтеграција на повратниците од странство.

