Жителите и дел од корисниците во Општина Петровец денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани активности на електроенергетската мрежа.
Како што информира Центарот за управување со кризи, прекинот е поврзан со технички интервенции на ЕВН Македонија.
Без електрична енергија ќе биде и објектот на „Support Solution“ во Ќојлија, поради активностите поврзани со пуштање во употреба на нова трафостаница на „Топбилд“.

