Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

    03.10.2026 во 14:42

    Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    03.10.2026 во 14:13

    Охриѓанец ја натепал сопругата – заврши зад решетки

    03.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го повикуваме да ги достави доказите
    • Ќе ги вадиме ли зимните јакни: Утрово измерени минус четири степени
    • Студено утро, топло попладне: Денеска температури близу 30-тиот степен
    • Франција во затворите има над 90.000 осудени лица
    • Штипјанец заедно со брат му си ја натепал сопругата и други блиску роднини
    • Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
    • Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев
    • Вреди: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го повикуваме да ги достави доказите

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го повикуваме да ги достави доказите

    04.10.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации? Зошто молчел досега? Кои документи и докази ги поседува? Кој го потпишал договорот и врз основа на што? Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки. Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување, се наведува во соопштението на владејачката партија.

    Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат  да ги пријави.

    -Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции. Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

    03.10.2026 во 14:26

    Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    03.10.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.