Вчера во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад.
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
Актуелно
- Загрижена мајка се јавила во полиција: Ќерка и била напдната од соученици во спортска сала во скопско училиште
- Паднаа девет дилери – полицијата во акција
- Скопјанец среде ноќ физички и со метален предмет нападнал полицаец на улица
- Бегалка од Идризово уапсена во Тетово – имала уште година и пол за доиздржување на казната
- Фатен крадец на автомобил во Струмица: При прегледот пронајден предмет од друга кражба
- Добри вести за пензионерите: Пензиите се зголемуваат
- (ФОТО) Во Њујорк одбележана 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи
- Манасиевски: СДС во Струмица кандидира насилници и тепачи на кои досиејата им се полни со кривични пријави